С.О.Е.П.Т.У Кузман Јосифоски - Питу

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
С.О.Е.П.Т.У Кузман Јосифоски - Питу

Економско Училиште - Прилеп


    ПРАВИЛА НА ФОРУМОТ

    GhosT
    GhosT


    Број на мислења : 14
    Join date : 2009-05-25
    Местолокација : Некаде на земјава

    ПРАВИЛА НА ФОРУМОТ Empty Официјални Правила на Форумот

    Пишување  GhosT Чет Мај 28, 2009 3:57 pm

    1. Строго се забранува било каков вид на спамирање.

    2. Национализам, сексизам или било каква друга дискриминација е забранета.

    3. Внимавајте на својот јазик, бидете културни и почитувајте ги останатите членови.

    4. Секое претерано форматирање на текст, користење на смајли, интерпункциски знаци и слично ќе биде изменето или отстрането.

    5. Забрането е пишување на неважни и неповрзани постови во врска со темата.

    6. Сите порнографски содржини се забранети за постирање.

    7. Строго е забрането постирање или било каква промоција на материјал кој нарушува авторски права и интелектуална сопственост.

    8. Администраторите и модераторите го задржуваат правото без претходно предупредување да менуваат и бришат мислења/теми.

    9. Форумот ги задржува сите права да врши измена на истакнатите правила без претходна најава.

    10. Строго е забрането навредување и расправање со администраторите, модераторите и членовите. (при секоја забелешка испратете пп)


    Објаснување на правилата

    1. Строго се забранува било каков вид на спамирање.
    Форумот не е место каде што ќе биде толериран СПАМ-от. Бесплатното рекламирање на Вашата компанија, сајт, фирми или било што друго проценето од модераторите/админите како СПАМ ќе биде отстрането и ќе се смета дека вршите злоупотреба на форумот за очајно рекламирање. Внимавајте како и на кој начин го истакнувате Вашиот вебсајт, компанија и др.

    2. Национализам, сексизам или било каква друга дискриминација е строго забранета.
    Дискриминација на било кој начин, спрема било кого (присутен или не присутен на овој форум) е забранета. Администраторите/модераторите нема да дозволат никаква дискриминација под никој услов.

    3. Внимавајте на својот јазик, бидете културни и почитувајте ги останатите членови.
    Дајте го својот максимум да бидете културни и да ги почитувате останатите членови. Пишувајте јасно и разбирливо, не употребувајте некултурни зборови во своите мислења, потписи и др. Доколку не се сложувате со нечие мислење, не настапувајте агресивно, туку аргументирајте го и докажете го Вашето мислење.
    членови.

    4. Секое претерано форматирање на текст, користење на смајли, интерпункциски знаци и сл. ќе биде отстрането.
    Никој од членовите не сака да чита мислења напишани со премногу форматиран текст. Одржувајте ги Вашите мислења кратки, јасни и прегледни. Користете форматирање на текстот само во посебни прилики и кога навистина има потреба од тоа за да го направите постот попрегледен.

    5. Забрането е пишување за неважни и неповрзани постови во врска со темата.
    Потрудете се на дадена тема да одговорите соодветно и во контекст на темата. Не одговарајте со работи кои не се поврзани или да прашате сосема ново прашање кое ќе произлезе од темата. За да го поставите тоа прашање, едноставно - отворете нова тема и прашајте таму. Сите теми администраторите/модераторите ќе се потрудат да ги одржуваат како што треба и да не дозволуваат истакнување на непотребни постови во нив бидејќи тоа значи дека темата би станала непрегледна и тешко разбирлива.

    6. Сите порнографски содржини се забранети за постирање.
    Секој материјал кој е поврзан на било каков начин со порнографијата ќе биде отстранет и членот ќе биде соодветно казнет за истакнување на таков материјал и директно прекршување на правилата.

    7. Строго е забрането постирање или било каква промоција на материјал кој нарушува авторски права и интелектуална сопственост.
    Не потценувајте туѓ труд и размислете како би било нешто за кое Вие сте се мачеле да биде признаено како труд на некој си трет. Почитувајте ја туѓата работа и не ги нарушувајте авторските права и интелектуалната сопственост. Што се смета за нарушување на авторски права или инт. сопственост? Сето она што не е Ваше а го објавувате како Ваше. (или барем ставете линк од каде сте го земале (искoпирале) тоа нешто)

    8. Администраторите и модераторите го задржуваат правото без претходно предупредување да менуваат и бришат мислења/теми.
    Админите/модераторите на Романтични форумот можат да избришат, изменат мислење без притоа да објаснуваат зошто го направиле тоа. Правилата се кратки и јасни и секој член треба да ги почитува. Админите/модераторите се едни од најголемите корисници на овој форум така да секоја нивна постапка е оправдана од самата таа причина. На барање на членот за објаснување за некоја администраторска/модераторска постапка, админот/модераторот може, но НЕ е обврзан да даде објаснување.

    Однапред Благодарност
    Тимот на Kjp-prilep

      Сега е точно Пон Мај 20, 2024 9:25 am